Времето денес (11.03.2015) - Облачно со врнежи од дожд, на планините со снег
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 11 март 2015

Во утринските часови се очекува локално да има појава на магла. Исто така во утринските и претпладневните часови  услови за локални врнежи од дожд ќе има во северните и северозападните предели.

 

 

Врнежите ќе се преселат и во западните и југозападните предели каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд во текот на целииот ден, а на ридско-планиниските предели и на планините со врнежи од снег.

 

Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер.

 

Утринските температури од -1°C до 6°C, а максималните дневни ќе достигнат до 2°C односно до 11°C.

 

Во Скопје во утринските и претпладневните часови нестабилно со слаби врнежи од дожд. Попладне ќе биде претежно облачно. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а дневната до 8°C.

 

Во четврток ќе биде претежно облачно со услови за сончеви периоди, но во северозападните, западните и југозападните предели со услови за слаби врнежи од дожд. На планините со врнежи од снег. Минималните температури од -2°C до 6°C, а максималните дневни до 2°C односно до 11°C.