Пред да поченете да читате .....

.... не би било лошо да имате во предвид дека постои огромна литература од областа на метеорологијата. Целата сила на книгите, скриптите, часописите е достапна за сите преку интернет. Па сепак , овде се појавува уште една збирка на текстови од оваа област. Делува непотребно, зар не ?

Меѓутоа, многу е мал бројот на текстови од областа на метеорологијата кој се разбирливи за луѓето на кои метеорологијата не им е професија. Метеоролозите имаат учебници од кои ја учат својата работа. Како и сите учебници, има многу теории, солиден број неразбирливи зборови, редови и редови од повеке математички равенки. Премногу за љубителите на метеорологијата кои не сакаат толку длабоко да се впуштаат во математиката и физиката. Кога некој од љубителите на метеорологијата ке постави стручно прашање, малку се задоволителни одговорите. Објаснувањата кои се добиваат често се комплицирани, непотполни, нејасни, со еден збор незадоволителни.

Потребата за оваа збирка на текстови се појави од желбата да на љубителите на метеорологијата им пружи ретка прилика да дознаат нешто од областа на оваа многу интересна наука, но на попристапен начин. Како задоволството за осознавање произлегува од разбирливоста и опуштеноста, текстовите ке бидат пишувани на еден, помалку несвојствен начин. Без многу филозофирање, без многу математика и физика, со одбрани илустрации, користејки секојдневен речник. Пуштете ги метеоролозите да работат со непрегледните системи на равенки и теории. Вие само кликнете на следната страна и .....

... опуштете се и уживајте !!!

Временската прогноза на оваа страница ја изработуваат метеоролози кои се членови на Weather4all тимот. Прогнозата ја изработуваат врз основа на сопсвените знаења и повеќе метеоролошки модели за прогноза.

Официјалната државна временска прогноза можете да ја најдете на страниците на Државниот хидрометеоролошки завод.

Ве молиме сите кои ја пренесуваат нашата прогноза како и текстовите за метео информации да го наведат изворот.

Ви Благодариме