Состојба на патиштата (понеделник 09.03.2015) - Забрани за движење на патниот правец крак Маврово – Дебар и М.Брод-Прилеп Р-1303
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 9 март 2015

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Поради остатоци од снег на коловозoт, забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар. На патниот правец М.Брод-Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска река, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила. 

 

 

 

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Магла со видливост до 50м. има во Тетово.

 

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ: На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација. 

 

СОСТОЈБА: Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони. 

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

ИНФОРМАЦИЈА: Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март. 

 

Извор - АМСМ