Облачно со поинтензивни врнежи од дожд и засилен ветер во сабота и недела. На планините со врнежи од снег
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 30 јануари 2015

Во вечерните часови и во текот на ноќта се очекуваат пообилни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со силен ветер, па поради тоа ќе биде намалена видливоста. Апел за сите возачи да бидат внимателни.

 

 

Во Македонија во сабота во утринските часови врнежите ќе престануваат. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со услови за кратки сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта сабота кон недела повторно се очекуваат обилни врнежи од дожд и силен ветер. Локално се очекуваат да наврнат и над 20 литри дожд на метар квадратен.

 

На планините над 1000 метри со врнежи од снег.

 

Поради обилните врнежи и силен ветер ќе биде намалена и видливоста.

 

Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

 

Минималните температури ќе се движат од 0°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 4°C  до 13°C.

 

 

Во Скопје во утринските часови врнежите ќе престанат. Во текот на денот ќе биде умерено облачно.Нови пообилни врнежи ќе има во вечерните часови и во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

 

Утринската температура од 3°C, а максималната дневна до 10°C.

 

 

Облачно со врнежи од дожд и ветровито ќе биде во недела. Попладне врнежите ќе престануваат. На планините над 1000 метри со врнежи од дожд.

 

Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува и умерен југозападен ветер.

 

Утринските температури ќе се движат од 2°C до 7°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5°C односно до 14°C.