Календарски започна пролетта, денес првиот пролетен ден
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 21 март 2014

Вчера во 17 часот и 57 минути во Македонија и на целата северна хемисфера календарски започна пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата започна есента.

 

Денес е петок, 21 март 2014 година, 80-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 5:34, а ќе зајде во 17:48 часот. Денот ќе трае 734 минути.

 

 

Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.

 

 

Рамноденицата, играла значајна улога во културата на сите цивилизации од минатото. Почетокот на пролетта бил поврзан со почеток на земјоделските работи, или со приложување на жртви заради успешен род. Пролетната рамноденица била прославувана и како почеток на новата година.

 

Во Македонија, најстариот познат локалитет на кој се определувала датата на рамноденицата е Кокино, од околу 1800.г.п.н.е.