1- ви мај- Денот на трудот
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 1 мај 2013
Меѓународниот ден на трудот, 1 мај се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден. При тоа, била употребена сила од страна на полицијата, а имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени пред суд, а четворица од нив и погубени.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. 1- ви мај е државен празник во повеќе земји во светот, меѓу кои и Македонија.

За разлика ос светот каде на овој ден работниците протестираат и се борат за нивните права, Денот на работникот во Македонија ќе биде одбележан со излет и и традиционалната скара.