Сибир се моли за дожд
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 1 јули 2012
Населението во Сибир се моли во верските храмови за дожд поради големите суши кои го зафатија тој дел од Русија.

Високи температури и суша го погодија Сибир поради што повеќе места во Новосибирската митрополија во храмовите се моли за дожд, пренесуваат новинските агенции.

По молитвите во храмовите, населението од овие обласити во поворки одат до полињата. На крајот на литургијата се чита молитва од седум молитви за дожд, која кон крајот на 14 век ја напишал цариградскиот патријарх Калист.

Населението се моли да престанат високите температури и сушата, за промена на воздухот и за дарување на земјата со обилни врнежи, дека Бог како човекољубив не го казнува народот, туку како дарува врнежи на жедната Земја, за да врнежите произведат леб за храна на човекот, и трева за добитокот.