Овие два месеци бевме сведоци на доста ниски температури на воздухот, кои во одредени региони достигнуваат и до -27°C. Меѓутоа, таквите ниски температури не се некоја невообичаена појава и се јавуваат барем секоја втора или трета година во месец јануари или февруари. Всушност, од кога се мерат температурите во нашата држава, забележани се и многу пониски вредности.
Така, на 27 јануари во 1954 година, во Берово е забележана температура од -31,5°C , а на истиот датум, во Битола се измерени -29,5°C. Тоа се најниските досега измерени температури на воздухот во Македонија. Прилеп, иако е на само 40-ина км од Битола, нема толку изразени ниски температури, а најниската измерена минимална температура изнесува -23,6°C. Други градови каде температурата може да се спушти под -25 степени се: Тетово со најниска измерена температура од -28,6 °C, Делчево со -28,5°C, Ресен со -26,5°C и Македонски Брод, Кичево, Кочани и Скопје со по околу -25,5 степени.
Интересно е што на многу повисоки планински места, како на пример на Попова Шапка (1750 м), температурите речиси не се спуштаат под -25 степени, пред се поради температурните инверзии. Инаку, Битола, Скопје, Кочани и други градови со многу ниски температури преку зима, во летниот период можат да имаат екстремно високи температури од над 40 степени.