Видео - Фасцинантни бои на сонцето
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 27 мај 2012
На видеото е прикажана снимка од 25 септември 2011 година која ја снимила Опсерваторијата за соларна динамика, а сончевата активност дополнително е нагласена со боите.

НАСА неодамна објави едно фасцинантно видео од сончевата површина на кое можеме да уживаме и ние, обичните смртници.

“Ова видео снимка е дополнително обработена за да се нарават видливи постоечките процеси. Видеото нема научна вредност, но со помош на него можеме да уживаме во Сонцето на еден поинаков начин” – изјавија од НАСА