Времето утро (18.12.2014) - Магловито утро, преку ден сончеви периоди
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 17 декември 2014

Во вечерните часови ќе има појава на магла која понекаде видливоста ќе биде помала од 100 метри.

 

 

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 0°C до 7°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5°C односно до 12°C.

 

Во Скопје во утринските часови и претпладне ќе биде магловито, попладне со услови за подигање на маглата. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 4°C, а максималната дневна температура до 9°C. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk