Времето утре (23.05.2015) - Наутро услови за дожд, преку ден претежно сончево и топло
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 22 мај 2015

МАКЕДОНИЈА: Во сабота во раните утрински часови услови за слаби врнежи од дожд ќе има во крајните западни и северозападни предели. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, потопло и ветровито.

 

 

Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен југозападен и западен ветер. Минималните температури од 7°C до 17°C, додека пак максималните ќе се движат во интервал од 20°C до 31°C.

 

СКОПЈЕ:Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 14°C, а максималната дневна до 28°C.

 

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА:Во недела претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, во попладнените и во вечерните часови ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Минималните температури од 6°C  до 16°C, а максималните температури ќе се движат од 19°C до 30°C.

 

Во понеделник ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд и осетен пад на максималните температури. Утринските температури од 8°C  до 18°C , а максималните температрури ќе се движат во интервал од 12°C до 23°C.

 

Во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови постојат услови за развој на нестабилност која може да услови врнежи од дожд и грмотевици. Утринските температури ќе опаднат и ќе се движат од 5°C до 17°C, додека пак дневните ќе бележат пораст и ќе се движат од 16°C до 27°C.