Времето утре (02.06.2016) - Претежно сончево, попладне со врнежи од дожд
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 1 јуни 2016

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во доцните попладневни часови во крајните северозападни како и североисточни предели со услови за врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен северозападен и западен ветер. Утринските температури од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.

Oчекувано количество на дожд на 02.06.2016 година

СКОПЈЕ  -  Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне со услови за сосема слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 28 степени. УВ индексот 8.

 

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА - Во Македонија во наредните денови не очекува доста нестабилно време. Имено во петок, сабота и недела во претпладневните часови претежно ќе преовладува претежно сончево и топло време, а во попладневните часови развој на нестабилна облачност која ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Во југоисточните и југозападните предели пак ќе преовладува претежно сончево време. Во петок дневните температури од 20 до 31 степен. Во сабота од 19 до 30 степени, а во недела пораст и ќе се движат од 21 до 32 степени. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk