МАКЕДОНИЈА: Во Македонија во четврток претпладне ќе биде претежно сончево време со локална облачност и потопло. Попладне наоблачување а услови за сосема слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните северозападни и североисточни предели.
Ќе дува слаб јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер.
Утринските температури од 7°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 33°C. УВ индексот ќе има вредност 8.
СКОПЈЕ: Во Скопје во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло, попладне наоблачување со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб јужен и југопаден ветер. Утринската температура од 14°C, а максималната дневна температура до 30°C.
МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА: Во петок во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежите ќе има во западните предели. Минималните температури од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 30°C. УВ индекс 3.
Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло. Минималните температури од 7°C до 17°C, а максималните дневни од 22°C до 32°C. УВ индекс 8.
Во недела во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Минималните температури од 5 до 15 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 19 односно до 29 степени. УВ индекс 4.