Времето денес (10.07.2015) - Претежно сончево со локална облачност и со услови за врнежи од дожд
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 10 јули 2015

МАКЕДОНИЈА - Во петок ќе можеме малку да здивниме од високите температури кои што ги имавме вчера и завчера. Ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито.

 

 

Во претпладневните часови услови за слаби врнежи од дожд ќе има во југозападните предели. Услови за слаби врнежи од дожд ќе има и во попладневните часови и тоа во делови од западна, југозападна и југоисточна Македонија.

 

Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

 

Утринските температури од 14°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе опаднат и ќе достигнат до 22°C односно до 33°C.

 

Ув индексот ќе има вредност 8.

 

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 21°C, а максималната дневна ќе достигне до 30°C. УВ индекс 8.