Времето денес (02.03.2018) - Облачно со врнежи од дожд и многу потопло време
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 2 март 2018

Денес е петок, 2 март 2018 година, 61-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:02, а ќе зајде во 17:29 часот. Денот ќе трае 11 часа и 27 минути.

 

Ова утро во Македонија имаме облачно време со локални врнежи од дожд и потопло време. Врнежи од замрзнат дожд има на планинскиот премин Буково. Дожд врне на Стража, во Битола, Прилеп, Струга, Ресен, и Велес. Регионалниот пат Крушево-Битола поради голомразица сообраќајот е во прекин за сите видови возила.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува облачно време со врнежи од дожд, ветровито и многу потопло време со пораст на температурите. На планините во западните предели над 1200 метри претпладне ќе провејува слаб снег, а во текот на денот врнежите ќе преминуваат во дожд и подигање на снежната граница над 2000 метри надморска висина. Во крајните западни и во северозападни предели се очекуваат поинтензивни врнежи кои што локално ќе надминат и над 25 литри. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и југозападен ветер кој што ќе достигне брзина до 25 км/ч. Минималните температури од -3 до 3 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 3 односно до 11 степени.

 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес облачно време со слаби врнежи од дожд, ветровито и топло време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од -1 степен, додека пак максималната дневна ќе достигне до 6 степени. 

 

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот во Скопје, Тетово, Куманово, Кочани и Струмица имаме средно ниво на загадување, а во останатите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и количеството на штетните честички насекаде е во границите на дозволеното.

 

Во изминатите 24 часа количество на штетни пм 10 честички во Скопје се движеа од 234 до 115 микрограми на метар кубен (Миладиновци 234, Лисиче 204, Ректорат 163 микрограми на метар кубен, Гази Баба 151, Центар 119, Карпош 115 микрограми на метар кубен).

Во останатите градови: Кавадарци 395, Велес 267, Струмица 232 микрограми на метар кубен, Битола 159, Гостивар 144, Куманово 137 микрограми на метар кубен.