Времето 06.10.2020 - Умерено облачно и ветровито, попладне со услови за слаб дожд
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 6 октомври 2020

Денес е вторник, 6 октомври 2020 година, 280-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:31, а ќе зајде во 18:10 часот. Денот ќе трае 11 часа и 39 минути.

Во утринските часови во Македонија преовладува претежно облачно, ветровито и потопло време со пораст на утринските температури.

 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во вторник ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и топло време. Во попладневните и вечерните часови нестабилно време со слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер. Утринските температури 11 до 21 степени, додека пак маскималните дневни температури во Македонија денес ќе достигнат до 19 односно до 31 степени.