Во Македонија во петок ќе биде сончево и топло. Слаб северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -3°C до 5°C, а дневните температури ќе се достигнат до 13°C односно до 21°C.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 3°C а дневната температура до 19°C.
Во сабота ќе биде сончево и топло. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од -2°C до 6°C, а дневните температури ќе достигнат до 15°C односно до 23°C.
Во недела во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 15 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 0°C до 7°C, а дневните температури од 10°C односно до 17°C.
Во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури од -1°C до 6°C, а дневните температури ќе достигнат до 13°C односно до 20°C.