Утре сончево и топло. Недела попладне услови за дожд. Во понеделник дожд и силен ветер
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 8 ноември 2013

Во Македонија по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од -3°С до 6°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°С односно до 24°С.

 

 

Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 3°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 21°С.

 

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во доцните попладневни и во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ќ. Утринските температури ќе се движат од -1°С до 7°С, а максималните дневни температури од 14°С до 22°С.

 

Во понеделник во Македонија ќе биде умерено облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен и источен ветер кој ќе достигне брзина и до 45 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 4°С до 12°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 10°С односно до 18°С.