Утре повеќе сончеви периоди и потопло време, за викендот сончево и многу топло
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 19 јули 2018

БАЛКАН - Во северните и источните предели на Балканскиот полуостров ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и ветровито време. Во останатите предели ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, а во јужните предели на полуостровот се очекува зголемена облачност. Максималните температури од 25 до 34 степени.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во петок во утринските и претпладневните часови ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне намалуивање на облачноста и се повеќе сончеви периоди, ветровито и потопло време со благ пораст на температурите. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели доумерен слаб североисточен ветер. Утринските температури од 10 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота и недела под влијание антициклонска циркулација ќе преовладува сончево и многу топло време со осетен пораст на дневните температури, иако утринските ќе бидат под вообичаените за овој период од месец јули. Во сабота утринските од 8 до 18 степени, додека пак дневните од 26 до 38 степени и УВ индекс 9, додека пак во недела се очекува тропски ден со максимални температури од 28 до 40 степени и УВ индекс кој ке има вредност 10. Во понеделник сончево и топло време со благ пад на дневните температури кои што ќе се движат од 26 до 36 степени. Во вторник претежно сончево со појава на локална облачност и уште посвежо време со дополнителен пад на температурите кои што ќе достигнат до 19 односно до 31 степен. Попладне со северозападните и западните предели со услови за локални врнежи од дожд.

 

 

Important Supplements for Health