Торнадо го погодил затвор во Флорида. Двајца затвроски работници биле повредени, но за среќа не животно. Торнадото имал толкава моќ што ги кревал автомобилите.

Материјалната штета во затворот била голема. Срушена била оградата а оштетен бил и надворешниот дел на зградатата. Силните ветрови предизвикале прекин на електричната енергија во областа.
Исто така била забележана и појава на други торнада во североисточна Флорида, Џорџија и Каролина.