Состојба на патиштата - сабота 14 март
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 14 март 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – г.п.Деве Баир, кај м.в.„Врлибрег“, кој поради одрон на камења и земја на патот беше во целосен прекин, сега е нормализиран за секаков вид на возила. 

 

 

Според ДЦС МВР, регионалниот пат Пробиштип - ХС Злетовица во с.Којково, Кратово е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.

 

Патниот правец Киселица –Злетово и понатаму е во прекин за сите видови на моторни возила.Возилата се пренасочуваат од Киселица – Пробиштип – Леговец –Злетово.

 

Во општина Кратово сообраќајот во планинскиот дел не се одвива поради паднатиот снег во висина од 50 см.

 

Како последица на последните снежни врнежи во прекин е сообраќајот кон селата: Ехлоец, Иванчишта, Душогубица, Малкоец и Кленоец (опш.Кичево) .

 

Во опш.Старо Нагоричане се расчистувал патниот правец с.Дејловце до с.Длабочица. Во наредните денови предвидено е да се расчистуваат патните правци во Козјачијата и тоа следните патни правци: - Жегљане – Малотино –М’гленце; - Арбанашко – Рамно - Буковљане и Цветишница.

 

Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т. и автобуси на патен правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

 

Локалните патни правци од опш.Чучер Сандево кон селата:Брест и Малино се непроодни за сите видови на моторни возила.

 

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ: На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација.

 

На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување.

 

На патниот правец Лакавица-Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.На овој дел сообраќајот се одвива успорено.

 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

ИНФОРМАЦИЈА: Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март.

 

Извор - АМСМ