Состојба на патиштата (понеделник 22.12.2014) - Без забрани по наместа влажни коловози
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 22 декември 2014

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

 

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

ИНФОРМАЦИЈА: Од 15 ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март 2015 година. Повеќе информации за зимската опрема ќе најдете на овој линк.

 

РАБОТИ НА ПАТ:

На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Поради присуство на градежна механизација и работници, препорачуваме внимателно возење и почитување на времената сигнализација, а повремено кога се врши асфалтирање можно е и времено затворање на патниот правец.

 

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорачуваме внимателно управување со возилата.

 

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
- и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

 

ГЕИНГ известува дека за потребите за "Извршување на геотехнички истражни работи и изрботка на Технички решенија - Основен проект за Санција на свлечишта и стабилизација на нестабилни зони – свлечиште на патот Р1202 Маврово – Дебар", на стационажа од км 48+855 до км 49+055 ќе се започне со изведување на геомеханички истражни работи на патот. Активностите ќе се изведуваат во период од 10.12.2014 до 23.12.2014. Во текот на извршување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено.

 

Од ГЕИНГ инженеринг информираат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државните патишта, од 19.08.2014 год. започна со геодетско снимање и геотехнички истражни работи на следните патни правци:

- Р2343 (Р-502), делница Делчево – Голак
- А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево
- Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани – Ропотово – Црнилиште (Општина Долнени)
- Р1402 (Р-605), делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево
- Р2335 (Р-512) делница Кривогаштани – Обршани – Воѓани.

 

Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, а активностите се очекува да бидат со времетраење од 4 месеци.

 

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Извор - АМСМ