На крајот на минатата седмица, посетителите на Националниот парк Голем Кањон во САД биле сведоци на несекојдневен феномен.

Можеле да видат како маглата се издигнувала и спуштала во кањонот, а сето тоа изгледало како да има плима односно осека.
Овој феномен бил предизвикан од температурната инверзија, студениот воздух останал во пониските слоеви, а топлиот над студениот. Поради влажноста на површината која што останала од минатонеделните врнежи, воздухот на површината брзо се оладувал, а со кондензацијата настанувала маглата.
Ова е втор пат по ред во последните две години овој феномен да се случува, оставајќи ги сите присутни без здив. Погледнете го видеото:
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk