Продолжува сушата во Бразил и Калифорнија
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 31 јануари 2015

Месец јануари не бил ни малку поволен за овие два одделни делови на Америка. Во САД, во Калифорнија јануари поминал без ниту една капка дожд во некои делови.

 

 

Изминатата недела излезе извештај според кој  77.5% од површината на оваа држава била зафатена од една од најлошите суши. Минатата година во исто време тоа се случило на 67.1% од површината.

 

Кризно со вода е и во делови од Бразил, посебно во областа на Сао Паоло, кој е еден од најнаселените градови на западната хемисфера и трета по големина метропола во светот.  Тоа е град со 11 милиони жители, а неговото урбано градско подрачје има дури 20 милиони жители.

 

Во толкав голем град, проблем е снабдувањето со вода, особено кога регионот ќе биде погоден од најлошата суша од 1930 година.

 

Една половина од градот зависи од резервоарот на вода за пиење, кој во јануари работи на 5% од својот капацитет.

 

За Калифорнија и овој дел од Бразил според моделите за прогноза во блиска иднина не се очекуваат значително количество на врнежи, така што проблемите со водоснабдувањето ќе продолжат. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk