High Frequency Active Auroral Reseach Program (HAARP) е високофрекфентна програма за истражување со сет на антени кои емитуваат високофрекфентно (HF) радио зрачење. Овие антени кои се наоѓаат во близина на Гакон на Аљаска служиат за истражување на јоносферата.
Структурата на овој текст е таква да обезбеди основни информации кои се потребни самиот читател да донесе заклучок за поставените прашања. Се до последната реченица да не донесува никаков заклучок. Тие што ги интересира нашето мислење им препорачуваме да го прескокнат целиот текст и да ја прочитаат последната реченица.
Што е јоносферата и која е нејзината улога?
Јоносферата е слој во атмосферата кој се протега на висина од 85 до 600 километри. Овој слој се наоѓа над озонската обвивка. Поради изложеноста или константното бомбардирање од УВ и Х зраци од Сонцето, од неутралните атоми на гас се избиваат електроните и се формираат слободни електрони и позитивно наелектризирани јони. Бидејќи густината на гасот не е голема, електроните слободно се движат одредено време се додека повторно не се соединат со позитивните јони, при што повторно се формира неутрален атом.
Овој циклус се повторува, неутралниот атом повторно се расчленува на позитивно и негатвно наелектризирани честички и се така во круг.
Јоносферата има една добра карактеристика, поради големиот број на наелектризирани честички ( јони и електрони) ги одбива HF радио брановите назад кон Земјата.
Ова е многу значајно бидејќи на тој принцип работат и HF радиостаниците кои ги користат на пример радио аматерите. За успешна комуникација помеѓу Европа и Северна Америка потребно е јоносферата да ги одбие HF радио брановите кон Земјата, па Земјата повторно кон јоносферата и така најмалку 5 пати. Меѓутоа во текот на геомагнетните и Сончеви бури (период на интензивно бомбардирање на сончеви зраци кон Земјата) јоносферата трпи одредени промени кои може да манифестираат и прекин на радио комуникацијата. Всушност оваа истражвање и контрола на јоносферата во центарот за истражување ХААРП е проект со кој се постигнува квалитетна комуникација со помош на радио брановите.
Како и каде се формираат циклоните?
Сите временски појави се формираат во тропосферата во зависност од голем број на параметри како што се градиентна разлика на притисокот, температурата, влажноста на воздухот.... Тропосферата претставува најнискиот слој од атмосферата кој се простира на висина од 0 до 12 километри. Тропосферата е составена пред се од водена пареа и аеросоли. Кога во тропосферата ќе се појави област со низок воздушен притисок, тогаш доаѓа до вртложно струење на воздухот од периферните делови кон центарот, со тенденција нееднаквиот воздушен притисок да се изедначи. Вака настануваат циклоните. Циклоните се претежно пропратени со силни ветрови и обилни врнежи од дожд.
Може ли ХААРП да формира циклон а со тоа и да формира обилни врнежи од дожд и други појави ?
На ова прашање одговорете сами. Размислете добро, дали може систем од радио антени, кој е дизајниран да влијае на област од земјината атмосфера која се наоѓа на висина од 85 до 600 километри да влијае на појави кои се случуваат на висина од 0 до 12 километри ? Може ли радио предавател да го промени воздушниот притисок, без разлика на тоа колку може моќен да биде? Може ли радио емитер каков што е токи-воки може да направи смеша од вода, воздух и аеросоли што е карактеристичен за составот на тропосферата?
За крај ќе ви одговориме на прашањето: Дали може ХААРП системот да има примена во војната индустрија? Секако дека може, за подобрување на сопствените комуникациски системи, како и методи со кои би се оневозможувала комуникација помеѓу трети страни што е огромна предност на теренот. ХААРП е финансиран од американските воздухопловни сили, американската морнарица и одбранбените агенции за напредни истражувачки проекти, а таквите проекти секогаш во еден дел имаат таен карактер кој е поврзан со воените истражувања.
Но се чини дека е едноставно, нема ни минимални шанси таков систем каков што е ХААРП да може да предизвика и најмало влијание на временските услови. Размислете малку пред да кликнете share, незнаењето и неукоста убиле многу повеќе луѓе отколку природните катастрофи.
Извор - Блиц.рс