Земјата се загрева. Проверете за колку ќе се зголеми температурата во вашиот град
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 18 јуни 2015

Ако температурата продолжи да се зголемува, до крајот на столетието Земјата би можела да биде многу топло место за живеење, а просторот за засолнување од високите температури би можело да биде премногу мало.

 

 

Научниците на НАСА пресметале за колку температурата би можела да се промени во крајот на овој век. На интерактивната карта означени се температурите од самиот почеток на мерењата односно од 1950 па се до 2100 година за секој град на Земјата.

 

Освен целосната слика на светот, на мапата може да ја погледнете температурата за секој град. Доволно е да го напишете името на градот, а системот ќе ви покаже што би можело да се случува во тој дел на светот односно за колку би можело да се зголемат температурите. Картата на која што е означена промената на температурата, како и оние кои би можеле да се случат во иднина може да ги погледнете овде.

Ова е прва во низата вакви интерактивни мапи кои што ги објави НАСА, со најава дека во иднина ќе има нови, подобрени мапи кои понатаму ќе можат да им бидат од помош на сите експерти и научници.

 

Освен порастот на температурата на картата може да се следи и количеството на јаглероден диоксид, кој до крајот на столетието би можело двојно да го зголеми своето количество.