Започнува календарски зимата
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 21 декември 2013

Денес во 18 часот и 11 минути по средноевропско време ќе настапи зимски солстициум. Тоа е моментот кога Сонцето е на својата најниска позиција во хоризонтот. Тогаш јужниот пол е најблиску до Сонцето.

 

 

На северниот пол е спротивно, тој е најоддалечен од сонцето па затоа на северната полутопка ноќта е најдолга а денот е најкраток.

 

Зимскиот солстициум го означува почетокот на календарската зима на северната полутопка и се случува на 21 или 22 декември. На јужната полутопка истовремено започнува летото.

 

Климатолошки зимата започна на 1 декември.

 

Зимата календарски ќе ни трае до 20 март 2014 година кога ќе настапи пролетната рамнодневница со што ќе започне и календарски пролетта.