Март дефинитивно е еден од поинтересните месеци за сите оние кои се заинтересирани да го набљудуваат небото и ѕвездите. Имено на 20 март ќе се случи целосно помрачување на Сонцето.
Месечината ќе покрие околу 60% од Сончевиот диск, но од Балканот ќе се гледа како делумно помрачување на Сонцето. Почетокот на помрачувањето по наше време ќе биде во 8 часот и 41 минута. Максималното помрачување ќе се случи во 10 часот и 45 минути. Завршувањето на помрачувањето е во 12 часот и 50 минути, прецизирал Анте Радониќ, директор на планетариумот на Техничкиот музеј во Загреб.
Со ова помрачување се обележува и доаѓањето на пролетта. Астрономскиот почеток на пролетта е во петок, 20 март во 23 часот и 45 минути.
На почетокот на вечера најсјаен објект ќе биде планетата Венера, која ќе се види над западниот хоризонт и прва ќе се појави по заоѓањето на Сонцето. Друг сјаен објект ќе биде планетата Јупитер, која ќе биде искачена високо над југоисточниот хоризонт, вели Анте.
На прикажената фотографија, светлосините линии ги прикажуваат регионите на делумното помрачување, а темносините ги означуваат местат каде што ќе биде целосното помрачување на Сонцето.
Треба ли да се плашиме од затемнување на Сонцето?
Затемнувањето на Сонцето кое ни се ближи, ќе биде најголемо во Европа од 1999 година, а ќе блокира повеќе од 90% сончева светлина над некои делови од Европа. Истото ќе трае околу 2 часа.
Овој резултат на месечевото поминување меѓу Земјата и Сонцето, би можел да предизвика проблеми со соларната енергија. Стручњаците на европската мрежа за пренос на електрична енергија, стационирани во Белгија, веќе со месеци се подготвуваат за затемнувањето, што вклучува и координација на акции ако во случај се појават поголеми проблеми.
Производството на соларната енергија ќе се намали од 17.5 GW на 6.2, а потоа повторно ќе се зголеми на 24.6 GW, што значи дека системот за само половина час ќе мора да се прилагоди на ново настанатите промени, објаснува Патрик Греичен, извршен директор на берлинската станица за обнова на енергијата.
Тие го нарекуваат затемнувањето како еден вид на стрес-тест за соларната енергија, но повеќето од научниците се согласуваат дека не би требало да настанат поголеми промени.
Во повеќето случаи, соларните станици користат додатен извор на енергија така да нивната сигурност е на високо ниво, при што не би требало да има поголеми проблеми, објасни лондонскиот научник за соларна енергија Џон Мејер.
Извор - Идивиди