МАКЕДОНИЈА – ВВо Македонија во вторник ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и топло време. Во попладневните и вечерните часови нестабилно време со слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер. Утринските температури 11 до 20 степени, додека пак маскималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат до 19 односно до 31 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во среда и четврток ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и посвежо време со пад на температурите. Во среда во вечерните часови како и во текот на ноќта среда кон четврток нестабилно време со врнежи од дожд, кои што во четврток во раните утрински часови ќе престанат. Утринските температури од 9 до 18 односно од 6 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури во Македонија ќе достигнат од 17 до 29 односно од 13 до 25 степени. Во петок и сабота по свежото утро и пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од 4 до 13 односно од 5 до 14 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време и потопло време со максимални температури кои што ќе се движат во интервал од 15 до 27 односно од 16 до 28 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во среда и четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време со дневна температура до 24 односно до 20 степени. Во текот на ноќта среда кон четврток облачно време со врнежи од дожд. Во петок и сабота по свежото утро и температури од 10 односно 11 степени, во текот на денот сончево и топло време со дневна температура до 22 односно до 23 степени.