Времето утре (17.02.2022) - Умерено облачно со сончеви периоди, попладне разведрување
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 16 февруари 2022

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во четврток ќе преовладува умерено облачно и релативно топло време. Во текот на денот намалување на облачноста и се повеќе сончеви периоди. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер а во западните предели и засилен западен ветер. Минималните температури во Македонија ќе се движат во интервал од 0 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.

 

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота и недела по студеното утро и пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -3 до 5 односно од -5 до 3 степени, во текот на денот претежно сончево време и топло време со надпросечно дневни температури. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 7 до 17 односно од 8 до 18 степени. Во недела умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Минималните температури од -2 до 6 степени, додека пак дневните од 5 до 15 степени. Во Македонија во понеделник умерено облачно време со услови за слаби и локални врнежи од дожд и топло време. Утринските температури од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни од 6 до 16 степени.

 

 

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во петок и сабота по студеното утро со температура од 2 односно 0 степени, во текот на денот сончево и топло време со максимални 14 односно 15 степен. Во недела умерено облачно време со сончеви периоди и дневна температура до 12 степени. Во Скопје вопонеделник умерено облачно време со услови за слаби и локални врнежи од дожд и максимални 13 степени.