Времето утре (01.06.2016) - Претпладне претежно сончево, попладне со врнежи од дожд и грмотевици
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 31 мај 2016

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во среда претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни часови во западните, северозападните, северните ќе услови врнежи од дожд и грмотевици а во вечерните часови и во североисточните предели се очекуваат врнежи од дожд. Умерено облачно со сончеви периоди во текот на целиот ден ќе остане во источните и југоисточните предели. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 6 до 14 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

 

Oчекувано количество на дожд на 01.06.2016 година

 

СКОПЈЕ - Во Скопје во среда претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб јужен и југозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 29 степени. УВ индекс 8. 

 

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА - Во Македонија во четврток претежно сончево со локална облачност и топло со температури од 21 до 32 степени. Во петок претпладне претежно сончево, попладне со услови за локални врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 20 до 31 степен. Во сабота претпладне претежно сончево, попладне со локални врнежи од дожд. Максималните температури од 21 до 32 степени. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk