Времето денес (22.12.2014) - По студеното утро, преку ден сончево и ветровито
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 22 декември 2014

Во Македонија во понеделник по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и студено. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели засилен западен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -5°C до 1°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 10°C.

 

 

Во Скопје во понеделник по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево, студено и ветровито. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2°C, а максималната дневна температура до 7°C.

 

Студено утро не очекува и во вторник, со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -4°C до 2°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло со благ пораст на дневните температури. Слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Максималните дневни температури ќе се движат од 7°C до 13°C. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk