Времето денес (21.02.2022) - Умерено облачно со сончеви периоди. Утре промена на времето
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 21 февруари 2022

Денес е понеделник, 21 февруари 2022 година, 52-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:16, а ќе зајде во 17:18 часот. Денот ќе трае 11 часа и 02 минути.

 

Во овие утрински часови во поголем дел од Македонија преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност. Во западните и југозападните предели претежно облачно време.

 

 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските часови ќе имаме појава на слаба магла по котлините. Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови локално во крајните западни и северозападни предели со услови за слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Максималните дневни температури денес во Македонија ќе се движат во интервал од 10 до 19 степени.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во вторник облачно време со врнежи од дожд и постудено време. Над 1000 метри со врнежи од дожд. Во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег над 800 метри надморска висина. Минималните температури од -2 до 4 степени, додека пак мкасималните дневни од 3 до 12 степени.  Во среда и четврток по студеното утро и температури од -4 до 2 степени, во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и дневни температури од 4 до 14 степени. Во Македонија во петок студено утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -6 до 0 степени. Во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и температури од 3 до 12 степени.