Времето денес (16.12.2014) - Наутро магла, навечер услови за дожд
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 16 декември 2014

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла која што понекаде ќе се задржи и претпладне.

 

 

Претпладне ќе биде облачно. Во вечерните часови и во текот на ноќта нестабилно со локални врнежи од дожд.

 

Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер.

 

Утринските температури ќе се движат од -2°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 11°C.

 

Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе има појава на магла. Попладне облачно а во вечерните часови со услови за врнежи од дожд.

 

Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од -1°C, а максималната дневна ќе достигне до 8°C. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk