Времето денес (14.02.2022) - Претпладне облачно, попладне повеќе сончеви периоди
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 14 февруари 2022

Денес е понеделник, 14 февруари 2022 година, 45-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:26, а ќе зајде во 17:09 часот. Денот ќе трае 10 часа и 43 минути.

Во текот на ноќта недела кон понеделник имавме слаби врнежи од дожд, кои што во овие утрински часови престанаа и насекаде во Македонија преовладува претежно облачно и студено време. По котлините имаме појава на магла.

 

Во Македонија во понеделник по свежото утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -2 до 5 степени, во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Во попладневните часови намалување на облачноста и се повеќе сончеви периоди. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Максималните дневни температури во Македонија денес ќе достигнат до 3 односно до 14 степени.