Викенд временска прогноза - Магловити утра и ноќи, преку ден повеќе сонце. Од недела пад на температурите
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 18 декември 2014

Во Македонија во петок во утринските часови ќе има појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен и западен ветер. Утринските температури од -2°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 7°C до 13°C.

 

 

Во вечерните часови ќе има појава на магла, а видливоста понекаде ќе биде помала и од 50 метри.

 

Во Скопје во петок во утринските часови ќе има појава на магла која што ќе се задржи и во текот на денот. Попладне со услови за намалување на маглата. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 2°C, а максималната дневна температура до 8°C.

 

Во сабота во утринските часови ќе има појава на магла, која што понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер,  а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од -1°C до 6°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 8°C до 14°C.

 

Во недела во утринските и претпладневните часови со услови за слаби локални врнежи од дожд. Малку поинтензивни врнежи се очекуваат во северозападните, западните и југозападните предели, а на планините над 1000 метри со врнежи од снег.

 

Попладне врнежите ќе престанат и разведрување.

 

Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

 

Утринските температури од -3°C до 4°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 5°C до 11°C.

 

По студеното утро во понеделник во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од -5°C до 2°C, а максималните дневни температури од 4°C до 9°C. 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk