Викенд временска прогноза - Денес сончево до 38°C, од утре пад на температурите
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 15 август 2014

Во Македонија во петок ќе биде сончево и многу топло. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 28°C односно до 38°C. УВ индекс 8.

 

 

Во Скопје во петок сончево и многу топло. Слан јужен и југоисточен ветер. Утринската температура од 20°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 35°C. УВ индекс 8.

 

Во сабота ќе биде сончево, топло и ветровито со благ пад на температурите. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и северозападен ветер. Брзината на ветерот понекаде ќе достигне и брзина до 35км/ч. Утринските температури од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 36°C. УВ индекс 8.

 

Во недела не очекува дополнителен пад на температурите. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Во крајните западни предели со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува и умерен североисточен ветер. Брзината на ветерот понекаде ќе достигне и брзина до 35км/ч. Утринските температури од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 29°C. УВ индекс 5.