Деветти ден по ред во Далмација не поминува без врнежи од дожд. Во петокот во Сплит денот започнал со сонце, а кон средината на денот започнале да се развиваат облаци.

Раните попладневни часови биле најтоплиот период од денот, па температурата на воздухот во Сплит се искачила на 26°C.
Кумулонимбусните облаци се развивале многу повеќе отколку што предвидувале моделите за прогноза, па така околу 17 часот, Сплит и околината биле зафатени од силно невреме кое било пропратено со обилни врнежи, врнежи од град и ветер со удари до 70 км/ч.
Температурата на воздухот за околу 30-тина минути се намалила за околу 10°C.