ВИДЕО - Бројот на загинатите од пожарите во Атина се искачи на 81
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 26 јули 2018

Официјално досега во пожарите во Атина пронајдени се 81 загинат. Но овој број се очекува да се зголемува бидејќи потрагата по исчезнатите продолжува.

 

А по социјалните мрежи се направени масовни  акции по членови на семејствата и роднини. Материјалната штета е огромна.

 

 

Сега главниот град  ги санира катастрофите од пожарите,а сеуште нема прецизен одговор на прашањето како е можно да настрадаат толку луѓе. За една ноќ пожарите во предградијата  на Атина се проширија со толкава брзина па во еден момент имаше десетина на три локации истовремено.

 

Мати потполно се уништи, а сведоци од тој дел на Атина велат дека било како трета светска војна. Едно од прашањата кое се поставува е како е можно да има толку жртви во престолнина на една европска држава. иако бројот на жртви е многу висок а ќе достигне и до троцифрена бројка , многу луѓе се евакуирани. Што значи катастрофата можела да биде уште поголема. Евакуацијата не е лошо спроведена, туку пожарот беше толку силен и дојде толку брзо што луѓето не можеа да побегнат,тврдат експертите во оваа област.

 

Некои вината ја посочуваат во тоа што овој дел на Атина е толку  густо населениот што нема соодветна инфраструктура. Односно никој не се погрижил да создаде соодветни широки улици и пристапни патеки  туку се издавани дозволи за градба на куќи во овој дел од градот на тесни улици преполни со паркирани автомобили каде тешко или воопшто неможе да интервенира против пожарно возило.

 

Плажата од населбата мати каде што се уништени над 400 куќи е затворена од хотели па пристапот за спас во море бил оневозможен од овој дел на грчката престолнина.А значаен дел од оваа катастрофа малку кој очекувал дека би можел да биде човечкиот фактор со подметнување на оган.

 

 

 

 

 

 

Important Supplements for Health