ВИДЕО: 70 сантиметри снег падна на Хокаидо, невремето откажа стотици летови
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 18 декември 2014

Жителите на јапонскиот остров Хокаидо почувствувале вистински поларен удар во последните 24 часа.

 

 

Снежното невреме ги зафати северните делови на Јапонија во средата, условувајќи целосен сообраќај колапс, во сите видови на транспорт

 

420 летови биле откажани кон и од Хокаидо, 1100 училишта биле затворени во северните и источните делови на островот, а над илјада домаќинства останале без струја.

 

Жителите биле предупредени од опасноста од можно снежно невреме, бидејќи освен врнежите од снег се очекува и силен ветер и намалена видливост.

 

Во изминатите неколку денови источниот дел на Хокаидо добил 70 сантиметри снег, а брзината на ветерот достигнала до 130 км/ч.

 

Како тоа изгледа, погледнете ги видеата:

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk