Утре сончево но со студено утро. Во среда услови за локален дожд
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 21 јуни 2015

Во понеделник не очекува свежо утро со пониски температури кои ќе се движат од 4°C до 14°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните и источните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч.

 

 

Дневните температури иако ќе бележат благ пораст сепак ќе бидат пониски од просечните за овој период од годината и ќе се искачат до 18°C односно до 28°C. УВ индексот вредност 7.

 

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 11°C, а максималната дневна до 25°C. УВ индекс 7.

 

Постудено утро не очекува и во втроник. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 14°C, а максималните ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 22°C односно до 32°C.

 

Во среда ќе имаме пораст на утринските температури кои што ќе бидат во интервал од 8°C до 17°C. Во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, а во попладневните часови зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен западен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 32 степени.

 

Да го погледнеме одот на температурите и количеството на врнежи во наредните 15 дена

 

Во периодот од 21 до 29 јуни не очекуват температури кои ќе бидат пониски за 1 до 3 степени во однос на просечните за овој период од годината.

 

Пораст на температурите и потопло време не очекува во периодот од 29 јуни до 7 јули.

 

Што се однесува до количеството на врнежите, во периодот од 21 до 29 јуни се очекуваат просечни количества на врнежи, со исклучок на западните и северозападните предели, каде врнежите ќе бидат натпросечни.

 

Опаѓање на количеството на врнежи се очекува во периодот од 29 јуни до 7 јули, кога ќе имаме многу мало количество на врнежи, а некаде и воопшто ќе ги нема.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на Weather4all.com.mk