Состојба на патиштата во Македонија - вторник 07.07.2015
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 7 јули 2015

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради изведување работи на пат ( минирање )  на  патот  А2  Кичево – Охрид кај  месноста  викана  Лавчански корита,  на 07.07.2015  ( вторник )  во  период  од  16 до 17 часот ќе има прекин во сообраќај во траење од 15 до 20 минути.

 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

 

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07. до 31.08. на државните патишта во Република Македонија има времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 15 тони. Забраната важи за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

 

 

Временските интервали во викендите се: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

 

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.

 

Од 01.07.2015 до 01.09 има времен режим на сообраќај на патниот правец А2 делница Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 7,5 тони. 
Во однос на ограничувањето од минатите години има измена во временските интервали со цел овозможување на движење на тешките товарни возила во малку поширока временска рамка со што би се создале услови за неоптовареност на сообраќајните токови на горенаведената патна делница. 

 

Временските интервали во викендите се: петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.
Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони. 

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

РАБОТИ НА ПАТ: Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе -Штип известува дека ги изведува градежните работи за градба на Магистралниот пат А4 ,делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до км47+107,00. Со почеток 21.05.2015 (четврток) од 9 часот ,се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) за сообраќај на Делницата на потез км 28+520(Свети Николе) до км 38+500(постојана клучка Кадрифаково) со пренасочување на целокупниот сообраќај преку Регионален пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија

 

АД Бетон на 16.04.2015 започна со изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с. Маврово. Патниот правец ќе биде затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца. Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.

 

Теренските активности на патниот правец Превалец (Кочани) - Делчевопродолжуваат да се одвиваат до 09.07.2015. Работите ќе се изведуваат од 06.00 до 19.00 часот.

 

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

 

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
- и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

 

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

 

Извор - АМСМ