НАЈАВА ЗА ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ НА 22.06.2015 (понеделник): Поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево–Охрид помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани на 22.06.2015 (понеделник) во период од 12.00 - 14.00 часот (прв термин) и 15.00-17.00 часот (втор термин) ќе има прекини во сообраќајот во траење од 15 до 20 минути.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
РАБОТИ НА ПАТ: Од ЈП Македонија пат препорачуваат внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна сигнализација на патниот правец Гостивар - Кичево, каде почнувајќи од 09.06.2015, во наредните неколку денови ќе се изведуваат градежни работи (санирање на ударни дупки).
Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе -Штип известува дека ги изведува градежните работи за градба на Магистралниот пат А4 ,делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до км47+107,00. Со почеток 21.05.2015 (четврток) од 9 часот ,се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) за сообраќај на Делницата на потез км 28+520(Свети Николе) до км 38+500(постојана клучка Кадрифаково) со пренасочување на целокупниот сообраќај преку Регионален пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .
АД Бетон на 16.04.2015 започна со изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с. Маврово. Патниот правец ќе биде затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца. Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.
Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
- и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Од 12.01.2015 се изведуваат работи на државниот пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево. Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот и се очекува да траат до 12.06.2015 год.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Извор - АМСМ