Состојба на патиштата (сабота 07.03.2015) - Еве каде има забрани за движење, одрони на пат и ограничување на брзината
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 7 март 2015

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Велес - Скопје е нормализиран. 

 

 

УКИНАТА ЗАБРАНА Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато.

 

ОДРОН: Поради одрон на патниот правец Кичево - Битола кај с. Железнец сообраќај се одвива по една коловозна лента во должина од 15 метри.

 

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премини Стража , како и на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир. На патниoт правeц крак Маврово – Дебар, забранaта за движење на тешки товарни возила е сеуште во тек.

 

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ: На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација. 

 

СОСТОЈБА: Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во целата држава, освен во јужниот дел каде врнежите се од дожд и снег. 

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони. 

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Извор - АМСМ