Состојба на патиштата(11 март) - Забрана за движење поради снег, намалена видливост
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 11 март 2015

ЗАБРАНA ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Поради остатоци од снег на коловозoт, забранa за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

 

На патниот правец М.Брод-Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска река, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси над 7т.

 

На магистралниот пат Кратово кај.м.в. „Гардиште“ атар на с.Којково поради свлечиште на земја и камења сообраќајот се одвива по една коловозна лента за ПМВ додека за ТМВ истиот е забранет.

 

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 09.03.2015 година од 07,00 часот патот Р 291-75, кој ги поврзува с.Могила-с.Радобор, сообраќајот е во прекин бидејќи истиот е поплавен.

 

Во општина Крива Паланка, регионалните патни правци кон селата Огут и Луке, како и локалните патни правци кон селата во планинскиот дел, заради висината на снежната покривка (50 – 60 см) се непроодни. И локалниот пат кон село Дренак е непроден од с.Дурачка Река во должина од околу 7 км.

 

Во општина Ранковце, регионалниот патен правец кон с.Герман, поради новите врнежи од снег е непрооден.

 

РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од ЈСП Скопје во која се наведува дека автобусите на линијата бр.68, за с.Долно Коњари, сообраќаат до мостот на реката Пчиња, од каде патниците го преминуваат пеш, а на другата страна ги чека минибус.

 

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ: На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација. 

 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози, а на повисоките места, наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на повисоките места во државата, а на пониските места врнежите се од дожд. 

 

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинските превои Ѓавато и Плетвар. 

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони. 

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

ИНФОРМАЦИЈА: Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март. 

 

Извор - АМСМ