Рекордни минус 31,4 Целзиусови степени во Романија
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 1 јануари 2015

Температура од минус 31,4 степени Целзиусови била регистрирана минатата ноќ во романскиот округ Ковасна, пренесе Аџерпрес. Метеоролозите очекуваат уште една ладна ноќ во реонот на централниот град Нторсура Бузулу.

 

 

 

 

Прогнозата е за затоплување потоа, пренесоа светските агенции.

 

Во ноќта на вторник спроти средата температурата на воздухот во истата област беше 31 степени под нулата, посочува Аџерпрес.

 

Во друг централен округот на Романија – Харгита живата во последната ноќ на изминатата година покажувал на места 29 степени под нулата.

 

Температурен рекорд од минус 35,8 степени беше регистриран во Нторсура Бузулу на 8 февруари 2005 година

 

Извор - Локално