Претпладне претежно сончево, попладне нестабилно со врнежи од дожд и услови за невреме
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 23 јули 2018

БАЛКАН - На Балканскиот полуостров во утринските и претпладневните часови претежно сончево, попладне нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици. Во крајните јужни предели на полуостровот ќе биде претежно сончево и многу топло време. Максималните температури од 22 до 35 степени. 

 

Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Во попладневните часови под влијание на циклонска активност развој на нестабилност која што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици но и со услови за локална појава на невреме. Ќе дува доумерен слаб западен и југозападен ветер кој што во западните предели ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 11 до 22 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 33 степени.  УВ индекс 8.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во вторник претежно сончево време со појава на локална облачност, попладне во северозападните, западните и југозападните предели како и во крајните североисточни и источни предели со услови за слаби врнежи од дожд. Максималните температури од 20 до 31 степен. Во среда претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со температура од 22 до 33 степени. Во четврток и петок во утринските и претпладневните часови претежно сончево со појава на локална облачност и топло време, попладне во северозападните, западните како и во североисточните предели со услови за локални врнежи од дожд и дневни температури од 23 до 34 степени.