Од вторник промена на времето. Обилни врнежи од дожд, силен ветер и температурен шок
Напишано од Глигор Тодоров
сабота, 3 септември 2016

Додека жителите на Пиринејскиот полуостров уживаат во сончевото време и тропските температури кои на јужните предели може да достигнат и до 43 степени, на Балканскиот полуостров и Македонија , метеоролошките услови најавуваат есенски денови проследени со обилни врнежи од дожд.

 

Во понеделник од северот на Италија кон јужен Медитеран ќе се придвижува силно изразен циклон кој на целиот Балкански полуостров ќе услови обилни врнежи од дожд, грмотевици. На Јадранското, Јонското и Егејското крајбрежје се очекуваат и големи бранови и ветар со удар и до 100 км/ч. Дирекно на удар на овој циклон ќе бидат Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Грција каде се очекуваат да наврнат над 100 литро дожд, локално може да достигнат и до 200 литри на метар квадратен. Поради обилните врнежи во овие држави постои опасност од поплави, одрони и лизгање на земјиштето.

 

Што не очекува во Македонија во наредните денови ?

Во Македонија во понеделник во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево. Попладне постепено зголемување на облачноста која во доцните вечерни часови и во текот на ноќта понеделник кон вторник ќе донесе врнежи од дожд и засилен ветер. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 7 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Карта каде што се гледа дека во периодот од 3 до 11 септември во Македонија се очекува да наврнат 80 до 100 литри дожд

 

Од вторник промена на временската состојба, Македонија ќе биде под влијане на Медитерански циклон и продор на ладна воздушна маса од север кои ќе донесат интензивни врнежи од дожд проследени со засилен ветер и голем пад на температурите. Во овие денови постојат услови и за појава на поплави бидејки локално количеството на наврнат дожд би можело да достигне и до 100 литри.

Во Македонија во вторник облачно со врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и посвежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во попладневните и во вечерните часови во северозападните и западните предели. Максималните температури ќе се движат од 11 до 21 степени.

Во среда облачно со врнежи од дожд и ветровито време. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во утринските и претпладневните часови. Во вечерните часови врнежите ќе престанат. Максималните температури ќе се движат од 12 до 22 степени.

 

Нов бран на врнежи не очекуваат веќе во четврток кои повторно повеќе ќе бидат изразени во западните предели. Максималните температури ќе се движат од 13 до 23 степени. 

 

Следете не и во наредните денови кога ќе имаме и повеќе детали и информации за секој ден одделно.