Неделна анализа - Претежно сончево со студени утра. Во сабота услови за снег
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 22 декември 2014

Во Македонија во понеделник по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и студено. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели засилен западен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -5°C до 1°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 10°C.

 

 

Во Скопје во понеделник по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево, студено и ветровито. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2°C, а максималната дневна температура до 7°C.

 

Студено утро не очекува и во вторник, со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -4°C до 2°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло со благ пораст на дневните температури. Слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Максималните дневни температури ќе се движат од 7°C до 13°C.

 

Во среда по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 20км/ч. Утринските температури од -3°C до 3°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8°C односно до 14°C.

 

Во вечерните часови ќе има појава на магла, а понекаде видливоста ќе биде помала од 100 метри.

 

Во четврток по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Понекаде маглата ќе се задржи и претпладне. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните  предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер. Утринските температури од -4°C до 2°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 7°C до 13°C.

 

Во вечерните часови ќе има појава на магла, а понекаде видливоста ќе биде помала од 100 метри.

 

Во петок во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла која што понекаде ќе се задржи и претпладне. Претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч.  Утринските температури ќе се движат од -3°C до 3°C, а максималните дневни од 3°C до 9°C.

 

Во вечерните часови и во текот на ноќта продор на студена и влажна воздушна маса која што ќе услови слаби врнежи од дожд, а на местата над 500 метри надморска висина со врнежи од снег. Врнежите најпрво ќе ги зафатат северните и западните предели, а во текот на ноќта четврток кон петок ќе се прошират и во останатите предели.

 

 

Во сабота во Македонија ќе биде облачно со услови за врнежи од снег и ветровито. Само во Гевгелиско-Валандовскиот регион се очекуваат врнежи од дожд и снег. Во доцните попладневни часови врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температура од -5°C до 1°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 1°C до 6°C.

 

Во недела по студеното утро во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот претпладне ќе дува со врзина и до 30 км/ч, а во текот на денот ќе го намалува својот интензитет. Утринските температури од -6°C до 0°C, а максималните дневни температури од -1°C до 5°C

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk