Метеоропатија, метеоропат, симптоми, поделба - 1 дел
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 18 септември 2013

Метеоропатијата се дефинира како група на симптоми и реакции кои се манифестираат при промена на еден или повеќе метеоролошки елементи. Метеоолошки елементи се температура, влажност на воздухот, ветер, атмосферски притисок, врнежи, грмежи и др.

 

 

Терминот метеоропатија произлегува од грчкиот збор метеор - небески феномен и патхос- болест.

 

Метеотропизам претставува чувствителност на промените на временските услови. Симптомите на метеоропатијата се непријатни и многу лесно се препознаваат. На пример, силни мигренозни главоболки, респираторни проблеми, алергии, проблеми со кожата, проблеми со циркулацијата, болни зглобови, срцеви палпитации, отежнато дишење и сл. Тие најчесто се јавуваат пред настанувањето на промената на времето, а со самата промена се намалуваат или изчезнуваат.

 

Луѓето со системски заболувања и хроничните болни се повеќе склони кон болка при одредени временски појави. Ревматските болки се јавуваат кога настапува влажно време со низок воздушен притисок. Многу топлиот и сув воздух непогодно влијае на појавата на инфекции. Метеоропатските главоболки обично се предзнак на различни временски промени. Одделни студии кои се спроведени во послените неколку години укажуваат дека постои зголемен ризик од срцев удар во текот на зимата, кога одеднаш се разменуваат топли и ладни фронтови, и во летни денови при влажни временски услови. Исто така деновите со магла, облаци и промена на воздушниот притисок се ризични за здравјето на чувствтелната група на луѓе.

 

 

Поим за метеоропат

 

Човечкото тело е многу чувствително на промените на одредени метеоролошки елементи. Метеоропат е лице кое чувствува здравствени проблеми или влошување на здравствената состојба, што се случува при одредена промена на временските услови и метеоролошките елементи.

 

Вообичаено еден до два дена пред настапување на временската промена кај чувствителните луѓе се јавуваат тешкотии. Оваа состојба, која ја изразува врската помеѓу временските услови и чувствителноста на луѓето се нарекува метеоропатија. Од метеоропатија страдаат голем број на луѓе со посебен акцент на возрасните, изнемоштените и хронично болните лица.

 

Причините за метеоропатијата мора да се бараат во фактот дека луѓето се подложни на влијанието на природата која ги опкружува. Постојат два типа на метеоропатија

  1. Примарна метеоропатија - која се јавува кај здрави поединци во форма на промена на расположението, физичка слабост или болка за време на временските промени,
  2. Секундарна метеоропатија - кога некои постоечки болести (висок крвен притисок, срцеви и белодробни заболувања, воспаленија, дегенеративни болести на мускулатурниот-коскен-зглобен состав) се влошуваат поради временските услови. 

 

 

Извадок од 'Временските услови и здравјето' - В.Спиридонов, О.Зафировски